Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Кадровските промени во СДСМ доцнат – никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

    Манасиевски: Кадровските промени во СДСМ доцнат – никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

    11.11.2025 во 11:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, вели Манасиевски.

    „Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев.

    Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС“, истакна Манасиевски.

    Манасиевски посочи дека е очигледно дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.

    „Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи“, рече Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.