Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Максим Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

    Максим Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

    13.03.2026 во 17:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна заштита на македонскиот идентитет и продолжување на европскиот пат без отстапки по клучните национални прашања, се дел од ставовите што ги изнесе претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, осврнувајќи се на изборните реформи, односите со Бугарија и евроинтегративниот процес на државата.

    Говорејќи за изборните реформи, Димитриевски посочи дека ЗНАМ предлага намалување на бројот на пратеници во парламентот, оценувајќи дека ваквата промена ќе придонесе за поефикасно функционирање на законодавниот дом, поголема одговорност на избраните претставници и рационализација на трошоците.

    „Не постои рационална причина Македонија да има парламент со 120 пратеници кога и држави со слична големина имаат помал број. Намалувањето ќе значи појасна одговорност и поголема отчетност кон граѓаните“ – изјави Димитриевски.

    Тој нагласи дека со ваквата реформа позицијата на пратеникот треба повторно да добие поголема тежина во политичкиот систем, а парламентот да ја врати својата улога како централна институција на демократијата. Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Димитриевски оцени дека одредени политики од Софија испраќаат загрижувачки сигнали и, како што рече, се во спротивност со европските вредности и принципи. Според него, прашањата поврзани со идентитетот и правата на Македонците не треба да останат само билатерален проблем, туку треба да бидат разгледани и на европско ниво.

    „Недозволиво е во 21 век да се оспоруваат идентитетски прашања и да се создаваат пречки за демократско организирање на луѓето кои се идентификуваат како Македонци“ – истакна Димитриевски. Врзано за европската перспектива на државата, тој нагласи дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но без компромиси кога станува збор за националниот идентитет и достоинството на државата.

    „Македонскиот јазик, идентитет, писмо и култура се автентични и имаат свој историски континуитет. Ние сакаме да бидеме дел од Европа, но без да се откажеме од самите себе.”

    Тој додаде дека паралелно со евроинтеграциите, државата мора да продолжи со зајакнување на институциите и економскиот развој, посочувајќи дека европските вредности треба да се градат дома преку силни институции, економски напредок и почитување на националниот идентитет.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.