Жител на прилепското село Ореовец пронашол експлозивна направа на местото викано „Леково“, во атарот на селото.
Случајот бил пријавен на 24 октомври во 9 часот во ОВР Прилеп. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола утврдил дека станува збор за перка од минофрлачка граната со калибар од 82 милиметри, која била безбедно подигната.
На местото бил извршен увид.

