Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе ја разгледува истата предлог-одлука, како и барањето за давање автентично толкување на член 17 од Законот за пожарникарството, поднесено од пратеничката Славјанка Петровска.

