Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.
Според информациите од собраниската прес-служба, Холовња ќе оствари средба со потпретседателот на македонското Собрание, Антонијо Милошоски. По средбата, двајцата ќе дадат изјави за медиумите.
Во рамки на посетата, Холовња и членовите на полската делегација ќе се сретнат и со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска.

