Македонската пејачка стави крај: Тамара ги избриша сите слики од Мачка од нејзиниот „Инстаграм“ профил
По седум години брак во кој ги добија ќерката Хана и синот Дарен, поп пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски- Мачка се разведуваат- објави Убавина и здравје.
Кога една врска помеѓу двајца млади луѓе започнала со љубов, а потоа прераснала во семејство во кое се изродиле деца и каде се функционирало во заедница, ќе се распадне, без оглед на тоа колку и да се изговара фразата дека разводот бил спогодбен и пријателски.
Токму тој момент со децата го потенцираше и Тамара во изјава за ,,Убавина и здравје”, кога замоли медиумите кои трчале по кликови, „да имаат чувство на одговорност, барем пред децата“.
Познатата пејачка не губела време и веќе ги избришала сите фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“ со Мачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа