Close Menu
    Најново

    Вознемирен охриѓанец се јавил во полиција: Во мојот двор има бомба

    13.12.2025 во 13:46

    Бркотница на патот Охрид-Струга: Возачот два пати го насочувал автомобилот кон полицијата, сопатниците приведени

    13.12.2025 во 13:42

    Трамп подготвува нова понуда за Украина, еве што добива Киев

    13.12.2025 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вознемирен охриѓанец се јавил во полиција: Во мојот двор има бомба
    • Бркотница на патот Охрид-Струга: Возачот два пати го насочувал автомобилот кон полицијата, сопатниците приведени
    • Трамп подготвува нова понуда за Украина, еве што добива Киев
    • Светот во шок: Бомбардирана болница, 30 загинати, меѓу кои и деца
    • Ердоган по средбата со Путин: „Мирот не е далеку“
    • Возете внимателно: На овие патни правци има густа магла
    • Ја силувал и ја сечел по телото, па и ставил нож под грло – Поднесено обвинение за полов напад и уцена
    • ГП Евзони е повторно затворен за сообраќај
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    (ВИДЕО) Напад во Црното Море: Турски патнички и товарен брод погоден од ракета „Искандер“ во пристаништето Одеса

    12.12.2025 во 19:28

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    11.12.2025 во 09:11

    Хорор во регионот: Палета тешка повеќе од еден тон уби маж

    12.12.2025 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.