Македонија Пат информира - Одрон направи проблем на патот Миравци-Демир Капија
На патниот правец А1, на делницата Миравци – Демир Капија од 11.00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 1000м. поради изведување на градежни работи на пат, (расчистување на одрон), информираат од ЈП Македонија Пат.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
22.04.2025 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа