Македонија конечно објави: Ова е најслабата вакцина што ја имаме

 

Најголем број граѓани се вакцинирани со Фајзер и Синовак покажува последната анализа на Минстерството за здравство.

 

Спутник е вакцината која има најмала ефикасност. Таа изнесува 80% што значи дека секој петти пациент кој ја примил оваа вакцина завршил во болница

Синофарм е вакцината која има најслаба заштита и од смртен исход, иако мора да се потенцира дека во 91% од ситуациите завршила работа.

Овие резултати ги потврдуваат наодите во останатите популации, потврдувајќи дека вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт од КОВИД-19. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација од КОВИД-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Ова се првични, прелиминарни резултати, кои се дел од тековно истражување на вакциналната ефективност во македонската популација. Овие процени на ефективноста на популационо ниво се блиски до процените добиени преку дополнителни анализи во склоп на истражувањето, спроведени преку вгнездена студија на случаи и контроли со тест-негативен дизајн, кои имаат за цел да ја минимизираат пристрасноста и да го исклучат ефектот кој би го имале граѓаните кои се регистрирани во “Мој Термин” а кои не живеат во Р. С. Македонија.

 

Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија (Р.С. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето. 

Целото истражување можете да го данолдирате на овој линк

 

02.12.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа