Close Menu
    Најново

    Дневен хороскоп: Јарците градат стабилно, Биковите се ослободуваат од старите шеми

    14.01.2026 во 23:37

    Што е подобро: Неколку кратки или една долга прошетка?

    14.01.2026 во 23:15

    Франција ќе отвори конзулат во Гренланд на почетокот на февруари

    14.01.2026 во 22:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дневен хороскоп: Јарците градат стабилно, Биковите се ослободуваат од старите шеми
    • Што е подобро: Неколку кратки или една долга прошетка?
    • Франција ќе отвори конзулат во Гренланд на почетокот на февруари
    • Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд
    • Температури до -6 степени: Времето утре и во следните денови
    • Утре без струја повеќе делови од Тетово
    • Позната авиокомпанија ги откажа сите летови од Израел: На вработените им нареди итно да ја напуштат земјата
    • Француската влада преживеа гласања за недоверба
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка

    Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка

    14.10.2025 во 13:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

    По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

    Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност.

    Сиљановска-Давкова и Пелегрини ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство.

    Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот на проширување мора да се темели на Копенхагенските критериуми, без дополнителни билатерални условувања.

    Со оглед на бројните глобални предизвици, претседателите укажуваат на потребата од поголема доверба, солидарност и заедништво на државите и нациите во рамките на ЕУ, НАТО и Обединетите нации.

    На средбата со претседателот Пелегрини, Сиљановска-Давкова изрази жалење за вчерашната железничка несреќа во Словачка, во којашто се повредени околу 100 лица и посака нивно побрзо закрепнување.

    За време на посетата на претседателот Пелегрини, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото Министерство за економија, Владимир Шимоњак, потпишаа Меморандум за соработка во областа на економијата. 

    Популарно

    Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

    14.01.2026 во 16:57

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:40

    Дневен хороскоп: Јарците градат стабилно, Биковите се ослободуваат од старите шеми

    14.01.2026 во 23:37

    Германија, Франција, Норвешка праќаат НАТО трупи на Гренланд

    14.01.2026 во 20:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.