Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со метео предупредување – Доаѓа силно невреме

    13.08.2026 во 08:01

    Пожар од големи размери во село во близина на Тирана

    12.08.2026 во 23:36

    Род Стјуарт ја откажа турнејата во САД поради операција на срце

    12.08.2026 во 23:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со метео предупредување – Доаѓа силно невреме
    • Пожар од големи размери во село во близина на Тирана
    • Род Стјуарт ја откажа турнејата во САД поради операција на срце
    • Заради семејството: Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја напушта функцијата
    • Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша
    • (ВИДЕО) Ангелов од Рамни Габер: Пожарот не е изгаснат – многу е тежок
    • (ВИДЕО) Критично вечерва во Студеничани: Рано наутро трите ер-трактори ќе се фокусираат на овој пожар
    • НАТО по инцидентите во Полска и Романија: Непромислен потег на Русија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер

    Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер

    15.01.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт. 

    Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.

    На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.  

    Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти, потенцира вицепремиерот Николоски. 

    На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.   

    Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Ангела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.

    Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи.

    Прочитај повеќе

    УХМР со метео предупредување – Доаѓа силно невреме

    13.08.2026 во 08:01

    Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша

    12.08.2026 во 22:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.