Close Menu
Press24
    Најново

    Кошта и Фон дер Лајен: Проширувањето е стратешка неопходност, потребни се поблиски врски меѓу ЕУ и Западен Балкан

    25.11.2026 во 23:41

    Јаневска: Со годишните програми училиштата се задолжени да работат со учениците против врсничкото насилство, така активно се бориме против оваа појава

    25.11.2026 во 22:52

    Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и во 2022 и во 2018 година, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер за внатрешни

    25.11.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кошта и Фон дер Лајен: Проширувањето е стратешка неопходност, потребни се поблиски врски меѓу ЕУ и Западен Балкан
    • Јаневска: Со годишните програми училиштата се задолжени да работат со учениците против врсничкото насилство, така активно се бориме против оваа појава
    • Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и во 2022 и во 2018 година, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер за внатрешни
    • Филипче: Имаме сомнеж дека Трајко Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка
    • Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство
    • Филипче: Трошоците растат, народот осиромашува – 25 илјади денари месечно треба само за храна и пијалак
    • Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош
    • УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Естонија ги зајакнуваат врските: Сиљановска-Давкова повика на поголеми естонски инвестиции

    Македонија и Естонија ги зајакнуваат врските: Сиљановска-Давкова повика на поголеми естонски инвестиции

    03.02.2026 во 13:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции.

    Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

    Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за стабилноста и безбедноста на Европа.

    На средбата, беше поздравена соработката во областа на дигитализацијата, реализирана во партнерство со Центарот за меѓународен развој на Естонија, соработката со Балтичкиот колеџ за одбрана во Тарту, како и со Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Талин.

    Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, Сиљановска-Давкова изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава.

    Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.

    Прочитај повеќе

    Јаневска: Со годишните програми училиштата се задолжени да работат со учениците против врсничкото насилство, така активно се бориме против оваа појава

    25.11.2026 во 22:52

    Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и во 2022 и во 2018 година, но од тие што денес се најгласни немаше барање за оставка од тогашниот министер за внатрешни

    25.11.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.