Close Menu
Press24
    Најново

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег

    15.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осуден 19-годишен фудбалер: Отпатувал во Британија за да убие човек за 25.000 евра
    • Вучиќ го претстави осумгодишниот план
    • Реформа во данското образование: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против насилни ученици
    • Полицијата не попушта – казнети 871 возачи на тротинети
    • Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима
    • Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот
    • Му рекла на мажот дека ќе оди да купи цигари па загинала во автомобил со друг маж – Хорор во Одивалес
    • Приведени осум возачи низ Македонија: Возеле пијани, без дозвола и под забрана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија добива пристап до 50 милијарди евра од ЕЦБ – Што значи тоа за граѓаните?

    Македонија добива пристап до 50 милијарди евра од ЕЦБ – Што значи тоа за граѓаните?

    11.08.2026 во 09:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската централна банка ѝ овозможи на Народната банка пристап до зголемената репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален лимит од 50 милијарди евра.

    По завршувањето на техничката процедура за приклучување, Народната банка ќе може брзо да обезбеди дополнителна ликвидност во евра доколку се појави потреба, што би помогнало во справувањето со евентуални финансиски шокови и зголемена побарувачка за евра.

    Од Народната банка посочуваат дека девизните резерви се на високо ниво и претставуваат главна заштита за одржување на макроекономската и финансиската стабилност. Сепак, пристапот до ЕУРЕП ќе биде дополнителна сигурносна мрежа во случај на надворешни нарушувања и притисоци врз ликвидноста.

    Досега Народната банка имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ со максимален износ од 400 милиони евра. Таа беше воведена за време на пандемијата со КОВИД-19, а последното продолжување важи до 31 јануари 2027 година.

    За разлика од досегашниот механизам, ЕУРЕП е траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширока примена, кој треба дополнително да ја зајакне достапноста на ликвидност во евра при евентуални нарушувања на финансиските пазари.

    ЕУРЕП е воспоставен од Евросистемот со цел да се обезбеди непречено спроведување на монетарната политика и да се овозможи постојан пристап до ликвидност во евра за централни банки и монетарни власти од земји надвор од еврозоната.

    Со пристапот до оваа репо-линија, ЕЦБ дополнително ја потврдува својата поддршка за стабилноста и ликвидноста на финансиските пазари во земјите надвор од еврозоната.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Миланов: Граѓаните јадат безбедна храна

    16.10.2026 во 17:28

    Лажни извештаи за регистрација на возила – Направиле штета за државата од 6,8 милиони денари

    16.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.