Close Menu
    Најново

    Смртоносна лавина во Непал – исчезнати осум алпинисти, меѓу нив и странци

    03.11.2025 во 17:22

    Еден на листата одби да биде пратеник – еве кој

    03.11.2025 во 17:08

    „Ауди“ излета од патот, повредни две млади лица

    03.11.2025 во 17:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Смртоносна лавина во Непал – исчезнати осум алпинисти, меѓу нив и странци
    • Еден на листата одби да биде пратеник – еве кој
    • „Ауди“ излета од патот, повредни две млади лица
    • ДИК ги утврди новите пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов влегуваат во Собранието
    • Пронајден и уапсен возачот кој усмрти велосипедист на бул. „Гоце Делчев“, познат неговиот идентитет
    • Мицкоски утре во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Еуроњуз
    • ОБСЕ/ОДИХР за вториот круг: Кампањата конкурентна, но не сите кандидати имаа еднакви услови
    • Тројца турски државјани уапсени кај Богородица: Фатени како пренесуваат мигрант преку граница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Му покажуваше заби на премиерот па свитка опаш: Од денеска сум невработен – има ли некаде работа

    03.11.2025 во 13:14

    52-годишник од Неготино претепал тинејџерка од Прилеп

    03.11.2025 во 13:14

    Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ освои 55 општини, СДСМ само 6 општини

    03.11.2025 во 09:25

    Ова беа нечесни избори со купени гласови и злоупотреба на државните ресурси во корист на власта

    02.11.2025 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.