Close Menu
    Најново

    ДИК ги одби трите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Шуто Оризари

    06.11.2025 во 20:55

    Трагедија во НФЛ: Почина 24-годишниот дефанзивец на Далас Каубојс, Маршон Ниленд

    06.11.2025 во 20:27

    Трамп подготвен за соработка со Мамдани, но бара „целосно почитување“ кон Вашингтон

    06.11.2025 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ДИК ги одби трите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Шуто Оризари
    • Трагедија во НФЛ: Почина 24-годишниот дефанзивец на Далас Каубојс, Маршон Ниленд
    • Трамп подготвен за соработка со Мамдани, но бара „целосно почитување“ кон Вашингтон
    • Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник
    • Шумски пожар во скопски Сарај – екипите на терен
    • Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување
    • „Играме за да победиме“ – порача унгарскиот премиер на пат кон Вашингтон
    • Мицкоски: Владата останува 100% усогласена со политиките на ЕУ – целта е полноправно членство
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Голема акција на МВР: Падна актуелен државен функционер за мито

    06.11.2025 во 16:24

    Го фатиле со бележани пари – познат идентитетот на приведениот директор

    06.11.2025 во 16:38

    ДИК разгледува 16 приговори: Отфрлен приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница

    06.11.2025 во 16:18

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.