Close Menu
Press24
    Најново

    Голем пожар во рафинерија на „Газпром“ во Русија по наводен напад со украински дронови

    17.11.2026 во 11:39

    Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати

    17.11.2026 во 11:25

    Тренчевска бара оставка од Тошковски

    17.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голем пожар во рафинерија на „Газпром“ во Русија по наводен напад со украински дронови
    • Најмалку 14 загинати и 30 повредени во тешка верижна несреќа во Обединетите Арапски Емирати
    • Тренчевска бара оставка од Тошковски
    • Нова затворска казна од 17 месеци за Хашим Тачи поради попречување на правдата
    • Проверувајте ги сметките – Ќе легнат пари до крај на месецот
    • Казни за неподготвените возачи – МВР потсетува што мора да поседувате во возилото
    • Железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза
    • Воен авион се урна во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија чекор поблиску до инстант-плаќања 24/7

    Македонија чекор поблиску до инстант-плаќања 24/7

    16.06.2026 во 09:391 Min Read
    Народна банка на Република Северна Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка на Република Северна Македонија во соработка со Светската банка одржа работилница со банките, давателите на платежни услуги и релевантните државни институции, посветена на воведувањето на инстант-плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС.

    Настанот е дел од континуираните активности за подготовка на платежната заедница во земјава за воспоставување национален систем за инстант-плаќања, како и за координирано приклучување кон регионалната платформа што ја развива Банката на Италија за земјите од Западен Балкан.

    Од Народната банка посочуваат дека во услови на забрзана дигитализација на финансиските услуги и растечки очекувања за брзи и едноставни плаќања, модернизацијата на платежната инфраструктура е клучна за развој на поефикасен и поконкурентен пазар.

    Воспоставувањето национален систем за инстант-плаќања е еден од стратешките проекти на Народната банка, со кој се очекува усогласување со европските стандарди и овозможување развој на нови дигитални платежни услуги.

    Во рамките на работилницата биле презентирани концептот и функционалностите на системот, правилата за учество, како и техничките и оперативните аспекти за приклучување на давателите на платежни услуги. Посебен фокус бил ставен на подготвеноста на учесниците во процесот.

    Со имплементацијата на инстант-плаќањата се очекува граѓаните и компаниите да добијат побрзи, поедноставни и подостапни услуги, достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тренчевска бара оставка од Тошковски

    17.11.2026 во 11:15

    Проверувајте ги сметките – Ќе легнат пари до крај на месецот

    17.11.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.