Македонец уапсен во Грција - извршил убиство пред 28 години
Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа