Македонците од недела во Холандија ќе влегуваат со сертификат, тест и задолжителен карантин

 Холандија од утре ја става Северна Македонија како земја со висок ризик.

Патниците од Северна Македонија кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена.

Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа.

Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора. 

03.09.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега