Мајли Сајрус сака да соработува со Били Ајлиш
Мајли Сајрус откри дека сака да соработува со Били Ајлиш.
Таа е воодушевена од 21-годишната музичарка и смета дека е импресивно што на толку млада возраст точно знае која е и каква уметница сака да биде.
Во интервју за весникот „Сандеј мирор“, Мајли вели: „Апсолутно ја сакам Били Ајлиш… таа е една од ‘најкул’ уметниците во моментот“.
„Она што многу ме импресионира е фактот дека таа е веќе автентичен уметник. Таа точно ја знае приказната што сака да ја раскаже, како и пораката што сака да ја изрази во својата работа. Целосно сум воодушевена од неа“.
Иако Мајли и Били не разговарале за евентуална соработка, 30-годишната Мајли призна дека Били е на врвот на нејзината листа со желби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа