Мајката на Брус Вилис стравува дека актерот нема да ја препознае поради неговата деменција

Mајката на Брус Вилис, Марлен Вилис, искуси како болеста на филмската ѕвезда влијае на неговиот живот и на начинот на кој тој се однесува со светот околу него.

Таа не е сигурна дали син ѝ сè уште ја препознава“, објасни Вилфрид Глајм, братучед на мајката на Вилис, во интервју за „Билд“.

„Неговото однесување е многу бавно, секогаш е присутна блага агресивност и веќе е невозможно нормално да се разговора со него“.

„Иако ваквото однесување е вообичаено во неговата клиничка состојба“.

Глајм исто така откри дека Марлен многу е загрижена за своите внуки, но уверена е дека семејството ќе може да го преброди овој тежок период заедно.

Минатата недела преку соопштение беше објавено дека здравствената состојба на Брус, кој мораше да се повлече од актерството поради афазија, се влошила во последната година.

По дополнителните тестови, на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција

28.02.2023 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа