Мадона раскина со 40 години помладото момче

Поп ѕвездата Мадона повеќе не е во врска со 23-годишниот модел Ендру Дарнел, што, како што пишува Page Six, дополнително придонесе за кризата на самодовербата на 64-годишната кралица на попот.

Неименуван извор им кажал дека парот одлучил да се раздели и дека Дарнел веќе нашол девојка на негова возраст.

Младото момче и Мадона не беа долго заедно. Тие ја започнаа својата романса минатата година, откако пејачката раскина со 28-годишниот Ахламалик Вилијамс, танчер со кого беше три години.

-Тоа беше само многу лежерна врска со Дарнел, така што таа не е повредена. Едноставно, разделбата се случи во погрешно време. Таа има мала криза на доверба и тоа не помага. Таа добро се забавуваше со Ендру, но никогаш не беше љубов или нешто посериозно, изјави извор за Page Six

Веста доаѓа само неколку недели откако Мадона бурно реагираше на коментарите за нејзиниот надуен изглед на Греми наградите. Таа тврдеше дека фотографиите, кои предизвикаа шпекулации за тоа дали имала премногу пластична операција, всушност биле резултат на телефонската камера што и го искривила лицето и рече дека прашањата за нејзиниот изглед поттикнале „возрасна дискриминација“ и „мизогинија“.

24.02.2023 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега