Close Menu
    Најново

    Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово

    03.12.2025 во 21:19

    Амела: Ќерка ми има деформитет, син ми аутизам – приказна за храброста на мајка

    03.12.2025 во 21:03

    Украински дронови погодиле база на единицата „Ахмат“

    03.12.2025 во 20:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово
    • Амела: Ќерка ми има деформитет, син ми аутизам – приказна за храброста на мајка
    • Украински дронови погодиле база на единицата „Ахмат“
    • Училишна драма: Две деца натепале соученик
    • Анализа: Шеќерните пијалаци ги консумираат и најмалите – ризиците растат
    • Митева: Со ,,Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот
    • Панова: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и во интерес на народот
    • Муцунски се сретна со Италијанците: На маса Коридор 8
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Лукровски: Не сакав да шириме паника за Димо Хаџи Димов

    Лукровски: Не сакав да шириме паника за Димо Хаџи Димов

    02.12.2025 во 17:21
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. На самиот почеток од седницата, градоначалникот Сотир Лукровски ги информираше советниците во врска со случајот со труење на основците од „Димо Хаџи Димов“.

    – „По оваа несакана случка, Општина Карпош веднаш презеде серија итни и координирани мерки, за заштита на здравјето и безбедноста на учениците и персоналот во училиштето. Во таа насока, претставници од Општина Карпош од самиот почеток се во постојана комуникација со надлежните институции, поточно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје“ – посочи Лукровски.

    Првиот човек на Општината наведе дека надлежните институции во врска со овој случај реагираа веднаш, земајќи примероци од храната, водата и работните површини во училиштето. – „Паралелно со случувањата, Општината обезбеди услови за спроведување на сите превентивни, редовни и вонредни мерки во училиштето, при што на 28 ноември беше спроведена вонредна дезинфекција на целиот училишен објект“ – информираше Лукровски.

    Инаку, во текот на минатата недела, Институтот за јавно здравје ја информираше јавноста дека причина за труењето се грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae (ЕНТЕРОБАКТЕРИИ), пронајдени во мусаката што ја консумирале децата. Исто така, откриено е присуство на фекални бактерии на три чешми во училиштето. Во исто време, ЈП „Водовод и канализација“ изврши вонредни проверки и земање примероци од училница и кујна. Според нивните резултати, водата во училиштето е санитарно исправна и е во согласност со сите барањата од правилникот за безбедност и квалитет.

    – „Сакам да ве информирам дека случајот внимателно и посветено го следиме од самиот почеток. Целта ни беше да не шириме паника и да не оставаме простор за ширење на дезинформации и шпекулации, па од тие причини чекаме да добиеме официјални информации од анализите. По добивање на целосниот извештај од надлежните институции кои ги спроведуваат анализите, Општина Карпош ќе ги преземе сите потребни мерки и чекори во рамки на нашата надлежност. Ве уверувам дека безбедноста на децата и нивното здравје се наш апсолутен приоритет и токму поради тоа во иднина ќе продолжиме со засилени хигиенски мерки, инспекциски надзори и унапредување на стандардите во сите основни училишта во Карпош“ – образложи градоначалникот Сотир Лукровски.

    Во продолжение на седницата, советниците од Карпош едногласно ја поддржаа Одлуката за продолжување на суспензијата на одредени делови од Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 08. Станува збор за градежните парцели 1.39, 1.48, 1.49, 1.53 и 2.1 од гореспоменатиот ДУП, кои се наоѓаат на потегот меѓу бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8-ми Септември. На овој начин всушност продолжува времетраењето на суспензијата, но не подолго од шест месеци од денот на стапување на сила на оваа Одлука. Во случајов, продолжувањето на суспензијата се врши бидејќи не е завршена постапката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 08. Како што е прецизирано во Член 4, оваа Одлука престанува да важи по истекот на шест месеци од денот кога започнала да се применува, освен ако претходно не биде донесен изменетиот и дополнетиот Детален урбанистички план. Советниците од Карпош постигнаа консензус околу Предлог – Решенијата за именување, поточно за верификација на членови од Советот за формирање на Комисите за доделување на еднократна парична помош и за доделување на финансиска поддршка на проекти од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2025 година. Со истата динамика беше изгласано Предлог – Решението за именување и верификација на членови на општинскиот Совет, во Комисијатаод областа на образованието за 2025 година. Советот даде „зелено светло“ и за двете Предлог – Одлуки со кои основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“ ќе прифатат движни ствари на трајно користење без надомест, кои им ги доделува Министерството за образование и наука. Имено, двете основни училишта од Карпош ќе добијат на користење интернет поставки (инсталации), кои ќе бидат искористени за нивните потреби. Со одлука на Советот, поддршка доби и Одлуката за прифаќање донација од Трговско друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Скопје. Донацијата е во вид на изработка на Елаборат за отстранување на постојна градба – (Детската градинка „Пролет 2“ во населбата Козле), а висината на донацијата изнесува 30.000 денари. Советниците ја поништија Одлуката за давање согласност за учество на Општина Карпош во проектот „Oпштините како двигатели за одржливиот развој“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддршка од советниците доби и дополнителната точка, односно Предлог – Одлуката со која основното училиште „Димо Хаџи Димов“ ја прифаќа донацијата од Владата, поточно од Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за донација во вид на прибор за тестирање по природни науки, кој ќе биде ставен на располагање за потребите на учениците и наставниот кадар од оваа училишна установа.

    Популарно

    Ќе нема струја шест часа – ЕВН најави прекини во неколку општини

    01.12.2025 во 09:11

    Премиерот Мицкоски поради здравствени причини нема да присуствува на македонско-српскиот бизнис форум

    03.12.2025 во 09:11

    Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    03.12.2025 во 10:53

    Комбе прегази 2-годишно дете – избегало од рацете на баба му и излетало на улица

    03.12.2025 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.