Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија
    • Очекувам младите да се вратат – ни на Запад животот веќе не е како порано
    • Финансиската полиција истражува: Запрена постапката за промена на сопствеништвото на една телевизија и едно радио
    • Македонија веќе има еден дата-центар во Прилеп
    • Србин од Шведска возел 175 на автопат – го уапсиле дури на Табановце
    • Велес: Газдата му должел 8 плати – го пријавил во полиција за измама
    • Цврство стојам зад изградбата на дата центри
    • Мицкоски: Очекувам младите да се вратат – ни на запад животот не е како што беше порано
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски најави крај на хаосот во Карпош: Ќе се изградат 600 нови паркинг-места

    Лукровски најави крај на хаосот во Карпош: Ќе се изградат 600 нови паркинг-места

    01.10.2025 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер, возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. Карпош, кој треба да биде пример за уреден и современ урбан кварт, денес функционира како импровизирано паркиралиштe, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Токму затоа, во нашата програма предвидуваме воведување на системско, долгорочно и зелено решение. Ќе започнеме со изградба на монтажни катни гаражи опремени со соларни панели, со вкупен капацитет од 600 нови паркинг-места. Овие гаражи нема да бидат уште еден бетонско блок решение, туку модерни, функционални конструкции кои ќе произведуваат чиста енергија и истовремено ќе ослободат вреден јавен простор што денес е окупиран од хаотично паркирање. Ќе бидат распоредени рамномерно низ општината, така што ниеден дел од Карпош нема да остане запоставен. Во Карпош 2 и 4 ќе се создадат по 120 нови паркинг позиции, кај Млечен – 90, во Карпош 3 – 110, во Влае – 70, и дополнителни над 100 нови места ќе бидат поставени во Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што родителите секојдневно се соочуваат со вистински сообраќаен хаос при носење и земање на децата од настава, посочува тој.

    Лукровски порача дека воведувањето на 600 нови паркинг-места ќе значи многу повеќе од само нова инфраструктура.

    -Тоа значи враќање на редот на улиците и ослободување на тротоарите за оние кои им припаѓаат. Пешаците повторно ќе се движат без страв, родителите со колички ќе можат да поминат без да заобиколуваат возила, а децата ќе добијат побезбедни маалски улици. Дополнително, со примена на решенија што произведуваат сопствена енергија, Карпош ќе покаже дека може да биде модерен, ефикасен и еколошки одговорен градски систем. Со оваа инвестиција се создава не само простор за автомобилите, туку и мир за луѓето. Ова е повик за нов урбан ред во Карпош во кој инфраструктурата работи за граѓаните, а не против нив. Време е улиците повторно да бидат за движење, тротоарите за пешачење, а паркинзите за паркирање – и тоа организирано, безбедно и достоинствено. Така и ќе биде, посочи тој.

    Прочитај повеќе

    Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред

    27.08.2026 во 22:07

    Стефковски: По 60 години реконструирана е улицата „Жан Жорес“ во Маџари

    27.08.2026 во 15:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.