Лукаревска: За СДСМ граѓаните се пред сѐ

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска учествуваше на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Ресен. 
 
Пред присутните Лукаревска зборуваше за мерките и политиките што СДСМ преку Владата ги презема за надминување на последиците од економската и енергетската криза, како и за следните државни чекори. 
 
- Благодарение на СДСМ, ние и во оваа најтешка зима во Европа и светот, не сме сами. Ги надминуваме последиците со сопствени сили и не се откажуваме и не бараме оправдувања. Затоа што за нас опстанокот на државата е многу поважен од рејтингот на партијата. За нас во СДСМ државата и граѓаните се пред се и над се и тоа е факт, тоа е вистина, порача Лукаревска додавајќи дека за само неколку месеци Владата предводена  од СДСМ обезбеди над 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните и стопанството.
 
Лукаревска посочи дека СДСМ успеала да направи силен исчекор кон ЕУ и дека по 17 години чекање конечно државата ги започна преговорите со ЕУ.
 
- Тече скринингот со ЕУ, се скенира секоја област и добиваме позитивни коментари. Најважно е што целиот процес се одвива на официјален македонски јазик. Тргнавме кон Европа и назад нема, истакна Лукаревска.
 
Осврнувајќи се на работата на опозицијата заменик претседателката истакна дека локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општините, како што рече, немале никаков нов проект, дека се прекинати добрите наследени проекти, а парите наместо за помош на граѓаните се трошеле на непродуктивни трошоци. 
 

 

Дополнително, додаде Лукаревска, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ преку Советите и директорите на јавните претпријатија удирале по џебот на граѓаните, зголемувајќи ги цените на комуналните услуги и тоа не е како резултат на светската криза туку како резултат, како што катеогризираше, на нивната неспособност.
25.10.2022 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега