Лоши навики кои го уништуваат вашето срце

Некој наши секојдневни лоши навики му штетат на срцето и сето тоа некој го игнориа се додека не е прекасно. Еве седум лоши навики кои го уништуваат срцето.

ЗГЛЕМЕНО КОНЗУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ

Ако испите по некоја пијачка тоа нема да многу да влијае многу на вашето срце, поготово ако козумирате вино, кое има и здраствени предности, но ако конзумирате алкохол редовно и на долги стази, тоа му штети на срцето.

Претеруванњето со алкохолот му штети на црниот дроб, коските, има негативно влијание на памтењето и значито го зголемува ризикот од срцеви болести, со ризик на повишен крвен притисок.

ПРЕТЕРУВАЊЕ СО СОЛ

Храната е невкусна без малку сол и тоа е позната работа. Меѓутоа, многу од нас прекумерно конзумираат сол што доведува до ризик на висок крвен притисок. Високиот крвен притисок е фактор на ризик за срцев удар и мозочен удар. размислете пред  во јадењето додадете ектремно сол.

НЕДОСТАТОК НА ВЕЖБАЊЕ

Недостатокот на вежбање е уште една основена причина за срцево заболување, а да не спомнуваме дека луѓето кои не се бават со физичка активност се склони на развој на дијабетес од тип 2. Ако не вежбаме веројатно е и дека ќе се дебелееме, а вишокот килограми го уништува срцето полека, но сигурно. Вежбањето може да го подигне расположението, осигура правилно работење на срцето и мозокот, да го подобри протокот на крвта и  снабдувањето на клетките со кислород.

ИГНОРИРАЊЕ ДЕПРЕСИЈА И ТЕГОБИ

Вознемиреноста, стресот и депресијата можат да имаат големо влијание целокумното здравје, а да не спомнуваме колку можат да го ослабат срцето. Ако депресијата и тегобите се лечат и држат под контрола, нивната ефикасност може да се сведе на минимум. Од друга страна, ако депресијата не се лекува, штетно делува на имунитетот и нивото на енергија, го смалува апетитот и има лошо влијание на нервниот систем.. Негативните емоции влијаат на здравјето на срцето и тоа не е никаква тајна.

НЕУМЕРЕНЕСТ ВО ЈАДЕЊЕТО

Често се случува да јадеме и кога не сме гладни, а главен проблем е тоа што јадеме нездрава храна:слатки производи, масни производи и храна која е богата со сол. Освен што се дебелееме, неумереноста во јадењетое еден од главните ризици за болест на срцето. Избегнувајте големи порции храна, намалетего внесот на шеќери и зголемете го внесувањето на вода, избегавајте брза храна и пржена храна.

ПУШЕЊЕ

Иако сме сите свесни за штетноста на цигарите, уште  постојат десетици милиони пушачи во целиот свет. Истражувањата покажуваат дека пушењето е одговорно за 30 проценти смртни случаеви поврзани со болестите на срцето. А да не спомнуваме и дека пушењето голем фактор за одредени видови на рак како што се рак на устата, грлото и белите дробови.

НЕДОСТАТОК НА СОН

Недостаток на сон доведува до хомонална нерамнотежа поради која не само што ќе јадете повеќе, туку лошо влијае и на срцето. Нивото на хормонални стресови исто така се зголемува поради недостаток на сон. За здраво срце возрасните треба да спијат околу 8 саати.

27.07.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега