Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Власта го проби рокот и ја стави партиската пресметка над јавниот интерес

    Левица: Власта го проби рокот и ја стави партиската пресметка над јавниот интерес

    20.07.2026 во 11:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира процесот. Власт која сака исполнување на реформската агенда не поставува неприфатливи, уценувачки црвени линии во последен момент, туку активно гради консензус и ги отстранува пречките – се вели во соопштението на ПП Левица.

    -Но, ДПМНЕ не само што не ги отстрануваше пречките, туку ги произведуваше. Откако со месеци ја избегнуваше суштината, во самиот финиш внесе прашање што не беше предмет на работата на Работната група и го прогласи за неприкосновена црвена линија. Тоа е смислено темпирана диверзија – прво се создава услов што другите не можат да го прифатат, потоа се остава рокот да истече, а на крај однапред подготвеното партиско соопштение ја прогласува Левица за виновна. ДПМНЕ не сакаше Изборен законик што ќе го демократизира системот, туку документ што ќе го задржи нивниот изборен комфор. Во моментот кога стана јасно дека една изборна единица и фер услови ќе ја зајакнат Левица, европската агенда беше фрлена под маса, а со СДСМ беше избран побезбедниот аранжман – подобро државата да остане со неисполнети обврски, отколку нивниот заеднички монопол да биде загрозен, велат од партијата.

    Велат, партии уверени во народната поддршка не бегаат од една изборна единица, не бараат спас во изборни манипулации и не си обезбедуваат милионска буџетска предност за политичко рекламирање. Од еднакви правила се плашат само оние што знаат дека нивната реална политичка тежина е помала од моќта што им ја подарува системот.

    -ДПМНЕ може да произведува соопштенија, да измислува коалиции и да ја прогласува секоја критика за напад врз државата, но не може да го сокрие исходот дека тие го пробија рокот, ја внесоа уцената во последен момент и тие ја жртвуваа реформата за да го зачуваат изборниот монопол. Реформската агенда не е неисполнета поради Левица, туку затоа што ДПМНЕ ја стави партиската пресметка над јавниот интерес. Левица ќе ги користи сите политички, институционални и демократски механизми за прашањето за една изборна единица повторно да биде отворено. Рокот што го проби власта не го поништува барањето на народот, стои во соопштението.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.