Левица: Учениците со попреченост без асистенти на почетокот на учебната година
Почетокот на новата учебна година започна со неизвесност и револт на родителите на учениците со попреченост! Отсуството на образовните асистенти, кои се голема помош и поддршка во наставниот процес, претставува дополнителна грижа за родителите и пречка во инклузивниот процес, која оди на штета на учениците, велат од Левица.
„Овој пропуст доаѓа поради ненавремената дадена согласност од страна на Министерството за образование! Иако јавните огласи се во тек, сепак, спроведувањето на целата задолжителна законска процедура ќе влијае на задоцнет почеток со работа на асистентите и дополнителни проблеми за наставниците, родителите и децата.
Ветувањето на министерката за образование, Весна Јаневска, за зголемен број на асистенти е далеку од реализирано на почетокот од учебната година, а пораките кои секојдневно ги добиваме од родителите на овие деца, само потврдуваат дека во пракса, системот е целосно заглавен.
До Левица пристигнуваат голем број реакции од родители, чии деца кои во текот на минатата учебна година нивните користеле асистенти, за оваа година, иако нема промена во функционалноста на децата, Комисијата за функционална проценка да не им додели асистент кој им е суштински неопходен за ефикасно функционирање во редовниот наставен процес!
Во јавноста се погласни се обвинувањата дека огласите за вработување на образовни асистенти доцни, со цел да се добие на време за регрутирање на партиски војници од владеачките ДПМНЕ и ЗНАМ, додека на вработените со години претходно кои имаат искуство во оваа чувствителна област, не им се продолжуваат договорите!
Воедно, Левица апелира до Министерката сериозно да си ја преземе улогата на одговорно лице и да не дозволи заради партиски „ухлебувања“ да се калкулира со децата кои имаат попреченост, како и со нивните родители на кои им е неопходна секоја помош и поддршка! Обновувањата на договорите и обуките за асистентите, мора да се одвиваат пред да започне учебната година!“, стои во соопштението на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа