Државјанин на Босна и Херцеговина бил лишен од слобода откако на патниот правец Катланово – Скопје управувал возило со брзина од 164 километри на час, иако дозволената брзина на таа делница е 80 километри на час.

Како што соопшти МВР, вчера во 15:20 часот, полициски службеници на ГП Табановце го привеле 39-годишниот С.О. Од Босна и Херцеговина, а тој ќе одговара за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version