По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со претседателката на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, и претставници од општинската организација, оддадоа почит и положија цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“, односно во зградата на поранешниот участок, во Прилеп.

-Жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност, а нивната храброст и непокор се траен потсетник дека слободата, правдата и достоинството се вредности за кои борбата продолжува – напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук.

СДСМ, вели тој, е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба. Тоа наследство претставува аманет и обврска да ја чуваме државата, да ја развиваме и да создаваме подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

-Нашите предци, борците од НОБ, се изборија да имаме своја држава, наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија да биде слободна, праведна, демократска и европска држава во која младите ќе ја градат својата иднина, порачува Филипче.По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово,  оддадоа почит и положија цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.


Exit mobile version