Ленин Јовановски: Арсовска се однесува уличарски

Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски на денешната прес-конференција рече дека се принудени на вакви протести бидејќи луѓето се оставени на улица, без работа.

 
Утре, пред канцеларијата на Арсовска ќе бидат паркирани 200 автобуси на приватните превозници, за да ѝ ја демантираме лагата дека приватниците имале 50 автобуси. Градоначалничката не е насекирана за целава работа, бидејќи она ќе си го истера мандатот, а после неа некој друг ќе го плаќа долгот, не плаќа таа од свој џеб. Непримерно е од позиција на градоначалник така да се однесуваш, да викаш ‘тужи ако ти должам, што ми е гајле’. Тоа се уличарски изговори. Прво се седнува и се преговара за да се најде решение. Приватните превозници протестираат затоа што се оставени без пари, нема никаква политичка позадина“, рече Јовановски.
01.12.2022 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега