Close Menu
    Најново

    Уапсени „рибари“ од Охрид, рибареле без дозвола

    06.12.2025 во 15:42

    Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта

    06.12.2025 во 15:17

    Со брзо возило „јагуар“ гостиверец удрил пешак

    06.12.2025 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Уапсени „рибари“ од Охрид, рибареле без дозвола
    • Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта
    • Со брзо возило „јагуар“ гостиверец удрил пешак
    • Тепачка меѓу двајца млади во кафуле
    • Прегазена жена во Кавадарци
    • Фајнанс Тинк: Растот во третиот квартал има солидна динамика, но потребна е фискална претпазливост
    • Мицкоски со порака од Конгресот: Македонија може, знае и ќе успее
    • Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Лекар сум 15 години вакво нешто немам видено досега, тоа беше повеќе од хорор“: Лазаров застанал да помага на повредните во синоќешната сообраќајка

    „Лекар сум 15 години вакво нешто немам видено досега, тоа беше повеќе од хорор“: Лазаров застанал да помага на повредните во синоќешната сообраќајка

    05.11.2025 во 10:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата.

    МВР претходно јави за вкупно петмина повредени во несреќата, од кои двајца загинале.

    „На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции“, велат од Обвинителството

    Во меѓувреме, доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа. Тој вели дека запрел за да им помага на повредените и оти она што го видел не може да се опише со зборови, туку било „повеќе од хорор“. Сите повредени и загинатите, според него, се млади луѓе.

    „Пред два часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка по Плетвар кон Кавадарци, двајца загинати и пет души тешко повредени, најстариот околу 40 години. Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите петмина млади да ги преживеат повредите“, пишува докторот на „Фејсбук“.

    Популарно

    ЈСП со важно соопштение до граѓаните

    05.12.2025 во 12:12

    Намалување на цените: РКЕ одлучи да ги намали надоместоците за Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО

    05.12.2025 во 12:02

    Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

    05.12.2025 во 12:27

    (ВИДЕО) Авион полн со патници се запали – Драма на аеродромската писта, луѓе врескаат во паника

    05.12.2025 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.