Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија
    • Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок

    Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок

    09.04.2026 во 19:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Случувањата во светот влијаат на економијата, влијаат на глобалните случувања, влијаат на аспирациите коишто ги имаме ние за членство итн., влијаат врз ценовниот притисок, врз притисокот на цените. ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт и со тоа можност да реагира, да работи во корист на граѓаните. И во оваа цела слика многу е важна опозицијата за да може да биде квалитетен коректив на тие политики, меѓутоа гледаме дека опозицијата се изгуби во својата улога, односно не успеа да ја врати изгубената доверба“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостување во емисиијата „За или против“ на Алфа телевизија.

    Пратеникот Лефков истакна дека иако опозицијата треба да биде квалитетен коректив на политиките на власта, нивните настапи не се базираат на факти и немаат суштина. Тој  нагласи дека единствен коректив на власта е народот, потенцирајќи дека Владата потекнува од народот  и реагира нанавреме за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите.

    „Во овој момент единствен коректив на власта е народот, јавноста и чувството на оваа Влада затоа што потекнува од народот и довербата која што ја доби на последните избори, континуирано ја добива, и мислам дека во овој момент опозицијата потфрлува во својата улога да биде коректив. Останува добриот факт дека оваа Влада потекнува од народот и не го губи тоа чувство и гледаме дека навреме реагира за секоја криза, како што беше и се уште е реакцијата за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите“, дециден е Лефков.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата

    23.10.2026 во 11:00

    ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

    23.10.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.