Close Menu
    Најново

    Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

    14.01.2026 во 20:44

    СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи – ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија

    14.01.2026 во 20:29

    „Пирамид билдинг солушнс“ ги отфрла обвинувањата на СДСМ: Тендерите се законски и транспарентни

    14.01.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина
    • СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи – ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија
    • „Пирамид билдинг солушнс“ ги отфрла обвинувањата на СДСМ: Тендерите се законски и транспарентни
    • FBI ја претресе куќата на новинарката Хана Натансон
    • Трамп: Гренланд е клучен за националната безбедност на САД
    • Актерот обвинет за злоставување деца се предаде на полицијата
    • Трамп бара Данска веднаш да се повлече од Гренланд
    • Граѓанска иницијатива „Стоп за Усје“ најавува нова блокада во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

    Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

    14.01.2026 во 20:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.

    Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.

    „И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.

    Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна  дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.

    „Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.

    Популарно

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:40

    И Македонија меѓу нив: САД ја замрзна обработката на визи за 75 земји

    14.01.2026 во 18:33

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања, проверете дали сте на списокот

    14.01.2026 во 09:34

    Техеран со ултиматум: Ако Америка нè нападне, ќе ги срамниме со земја американските бази кај соседите

    14.01.2026 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.