Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка како последица на компликации од грип. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

    Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека кај пациентката била дијагностицирана инфлуенца А.

    „Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потвдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Цана.

    Состојбата на клиниката останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка. Во моментов се хоспитализирани вкупно 25 пациенти, главно повозрасни лица.

    „Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, појаснува д-р Цана.

    Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, само во првата недела од годинава се регистрирани 1.725 случаи на грип низ земјава.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.