Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Филипче е одговорен за модуларните болници, непокренувањето обвинение не значи невиност
    • Герасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза
    • ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, а инфлацијата падна на 2,3%
    • Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
    • Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка за едукација на основците
    • Тренчевска: Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо
    • Над 30 степени уште во 11 часот – Пекол низ Македонија, па силно невреме
    • Трагедија во Англија отвори војна со социјалните мрежи: Седум жртви во судир со возило што возело во спротивен правец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Филипче е одговорен за модуларните болници, непокренувањето обвинение не значи невиност

    Лефков: Филипче е одговорен за модуларните болници, непокренувањето обвинение не значи невиност

    25.08.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче како прв човек на СДСМ треба да молчи кога станува збор за здравството, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според Лефков, изјавите на Филипче дека обвинителството не покренало обвинение против него не претставуваат доказ за негова невиност, туку покажуваат дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите.

    „Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници“, изјави Лефков.

    Тој посочи дека ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот изготвен по пожарот во Тетово, кој според него имал за цел да го спаси тогашниот министер од одговорност.

    „Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

    Лефков заклучи дека опозицијата не треба да зборува за грижа за здравството и за граѓаните.

    „Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравството на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти“, рече Лефков.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, а инфлацијата падна на 2,3%

    25.08.2026 во 12:05

    Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

    25.08.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.