Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Лајка фест“ ги обедини институциите и граѓаните за проблемот со бездомните кучиња

    „Лајка фест“ ги обедини институциите и граѓаните за проблемот со бездомните кучиња

    08.06.2026 во 09:252 Mins Read
    Лајка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатите три дена, ЈП „Лајка“ – Скопје го реализираше „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива насочена кон обединување на институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните околу прашањето за бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија.

    Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, на која учествуваа претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта, како и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија. Тие разговараа за актуелната состојба, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели.

    Во текот на дискусијата биле отворени теми поврзани со одговорноста на институциите, координираното делување, улогата на локалната самоуправа, значењето на стерилизацијата, одговорното сопствеништво, како и потребата од едукација и зголемување на јавната свест. Посебен акцент бил ставен на фактот дека проблемот со бездомните кучиња најчесто започнува со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување.

    Во продолжение, во наредните два дена, Градскиот парк бил претворен во простор за дружење, едукација, вдомување и интеракција меѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од фестивалот, темата била доближена до јавноста на поинаков и интерактивен начин.

    Во активностите учествувале над 50 пријавени учесници, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации. Посетителите имале можност да се запознаат со кучињата од ЈП „Лајка“, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, како и да учествуваат во едукативни содржини и активности посветени на одговорното сопствеништво.

    Од претпријатието посочуваат дека особено значајно било присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што, како што велат, покажува растечка свест за потребата од похумано и поодговорно општество.

    „Лајка фест“ не бил само настан за љубители на животни, туку и обид преку соработка, едукација и заедништво да се отвори поинаков пристап кон проблемот со бездомните кучиња – пристап кој решенијата ги гледа во систем, одговорност и долгорочна промена, а не во насилство и поделби.

    ЈП „Лајка“ упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери и граѓани кои придонеле за реализацијата на настанот и испраќањето порака дека промените се можни со заедничка волја.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.