Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

    Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

    02.10.2025 во 18:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да стави крај на хаосот во паркирањето кој со години го обременува секојдневието на граѓаните, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија што МИА го објавува интегрално.

    „Во Центар паркира кој каде ќе стигне. По тротоари, велосипедски патеки, до контејнери. Општината стана симбол за општ хаос и небезбедни простори за движење. Во нашата општина секојдневно циркулираат неколкукратно повеќе возила од тие што се во сопственост на жителите. За да паркираш тука треба да си магионичар,“ изјави Лабудовиќ.

    Тој нагласи дека проблемот е јасен – Центар има очајна потреба од зголемување на капацитетот на паркинг места, но и од воспоставување нов систем кој ќе донесе ред и еднакви можности за сите.

    „Ќе го прошириме капацитетот на постоечките паркинзи и ќе изградиме нови катни гаражи на најфреквентните локации. Но, ќе воведеме и смарт-паркинг систем со дигитална контрола и фер наплата. Така ќе дадеме еднакви можности за сите “ додаде Лабудовиќ.

    Тој потенцираше дека клучната цел е воспоставување ред: „Паркирање по тротоари и велосипедски патеки не смее да има. Центар мора да има ред во паркирањето!

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.