Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
    • Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
    • Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
    • Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
    • Дома чувал туѓ пиштол иако знаел дека не смее: Кривична пријава за кумановец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски

    Кузеска: Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски

    04.09.2026 во 12:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сомнежи за двојни аршини и пасивност на Јавното обвинителство при постапувањето по кривичните пријави против актуелни функционери изнесе денеска опозициската СДСМ.

    Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција посочи неколку конкретни предмети за кои, како што рече, со месеци нема никаков одговор ниту институционална разврска.

    Во своето обраќање, таа ги изнесе следните ставови:

    „Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

    Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

    А од Обвинителството – молк.

    Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија?

    Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?

    Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат.

    Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

    Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина.

    1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

    Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен.

    СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции.

    Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?

    2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра?

    Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази.

    Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо.

    Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен.

    Или предметите намерно се чуваат во фиока?

    Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација.

    Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат?

    3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

    И тука се гледа двојниот аршин.

    Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо.

    Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци.

    4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село?

    Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар.

    СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат.

    5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО.

    Што прави Обвинителството?

    Кој ги нападна младите?

    Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб?

    Кој е повикан на распит?

    Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи?

    Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази.

    За милионски суми народни пари.

    За нападнати млади луѓе.

    За загрозено здравје на илјадници граѓани.

    Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија?“

    Прочитај повеќе

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.