На 8 јули 2026 година, во 07:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, на панорамскиот кровен прозорец од возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, било констатирано оштетување предизвикано од заталкано зрно од огнено оружје.
Случајот го пријавила В.Ќ.К. (42) од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите.


