Градоначалникот Бобан Стефковски објави добра вест за жителите на Гоце Делчев и Чукур Маало во Трубарево.
– „Започна постапката за избор на економски оператор за довршување на изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев и Чукур Маало – Трубарево.
Со реализацијата на овој значаен проект, секој дом од овие две населени места ќе добие приклучок на фекална канализација, со што директно ќе се подобрат условите за живот на граѓаните.
Ова е проект кој носи почиста животна средина, подобра инфраструктура и решавање на долгогодишно барање на жителите.
Средствата за реализација се обезбедени преку Европската инвестициона банка и Министерството за животна средина во износ од 512.500 евра, а општина Гази Баба обезбедува дополнително кофинансирање од 167.000 евра.
Постапката за избор завршува на 04 Август, по што очекувам успешен избор на економски оператор и почеток на градежните активности на терен.
Им благодарам на жителите на Гоце Делчев и Чукур Маало за трпението, разбирањето и соработката”, напиша Стефковски.


