Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.о.
-Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК. Различни образложенија, но иста цел, а таа е да не се донесе нов Изборен законик, за да се создаде алиби за поразот на опозицијата на следниот изборен циклус, вели Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, очигледно е дека зад ваквото однесување стојат политички калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори.
-ВМРО-ДПМНЕ останува доследно на ставот дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се олесни гласањето на дијаспората, стои во соопштението на партијата.


