УХМР ги измери температуерите во 11 часот во градовите низ Македонија.
Повторно најсвежо е на Попова Шапка каде во 11 часот се измерени само 12 степени. Крушево е следно место каде е најсвежо, со 17 степени.
Гевгелија и Демир Капија се најтопли градови со 28 степени, по што следат Кавадарци и Струмица со 27.
Во Скопје во 11 часот температурата е 26 степени.
Денешниот ден ќе биде претежно сончев, проследен со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.


