Трагедија ја потресе Македонија кога 14-годишно девојче почина по пад од лулашка.

Според податоците од СВР Тетово, на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Таа претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар. И покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт, објави Скопје1.мк

Телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Exit mobile version