Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
- МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
- Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
- Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
- Проширена Европа значи посилно НАТО
- Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
- Скок од мост во поплава
- Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

