Кривично ќе се гони кочанчанец: Со туѓа картица извадил 130 000 денари од банкомат

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.И.(41) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

На 08.06.2024, пријавениот во три наврати искористил податоци од банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и од банкомат подигнал пари со што се здобил со противправна имотна корист во износ од 130.000 денари.

19.07.2024 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа