Close Menu
Press24
    Најново

    Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето

    10.06.2026 во 07:53

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поднесено обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

    Поднесено обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

    20.12.2025 во 10:22Updated:20.12.2025 во 11:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Непрописно свртување на автомобилот на пратеникот, но и низа пропусти кај возачот на моторот – ова се наодите на Обвинителството за несреќата во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица, а во која загина малолетник во Марино.

    Истрагата покажала дека Јанчев, додека го управувал својот „Хјундаи тусон“ по полноќ на 14 септември, свртел непрописно и го попречил патот на другите учесници.

    Сепак, обвинителниот акт открива и детали за другата страна: во автомобилот на пратеникот удрил мотор „Јијинг“ кој бил без регистарски ознаки и без вградени светла. Моторот го управувал 16-годишниот Матеј Димовски без возачка дозвола, а ниту тој, ниту 13-годишното девојче кое се возело со него и е тешко повредено, не носеле заштитни кациги.

    И покрај овие околности, ОЈО смета дека примарната вина за загрозување на јавниот сообраќај паѓа на возачот на автомобилот.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана

    09.06.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.