Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата, Камп ќе оствари средба со членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Средбата е предвидено да се одржи со почеток во 15:30 часот, во салата на Уставната комисија.

