Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во западните делови се очекуваат пообилни врнежи, над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува и над 80 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 11 степени, а максималните од 18 до 22 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постои можност за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.
Според прогнозата на УХМР, променливото облачно време со повремени локални врнежи ќе продолжи и во наредните денови. Под влијание на јужно воздушно струење, до крајот на седмицата ќе се задржи релативно топло време, со температури над просекот за овој период од годината. Во западните делови повремено ќе дува силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час.

