Крај на 2024, но и на разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли по 8 години судски лавиринти
Анџелина Џоли (49) и Бред Пит (61) постигнаа договор за развод по осум години, изјави нејзиниот адвокат за медиумите, пренесува Би-Би-Си.
-Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата го напуштија заедничкиот имот и оттогаш се посвети на барање мир и закрепнување за своето семејство. Ова беше долг процес кој започна осум пред години. Таа е исцрпена, но ѝ олесна што овој дел е зад неа сега, изјави адвокатот Џејмс Сајмон.
Џоли и Пит некогаш беа еден од најпознатите парови во Холивуд, во текот на нивните 12 години заедно. Заедно имаат шест деца, а многумина од нив јавно се откажаа од презимето на нивниот татко изминатава година.
На 20 септември 2016 година, адвокатот на Анџелина откри дека актерката поднела барање за развод еден ден претходно, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Со тоа заврши нивниот двегодишен брак, на кој му претходеше десетгодишна врска.
Парот тогаш изјавил дека приоритет им е благосостојбата на нивните деца: Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс. Меѓутоа, кога беше откриено дека Анџелина бара единствено старателство над децата, почнаа да кружат различни шпекулации за вистинските причини за нивниот развод.
Недолго по објавувањето, се дозна дека социјалните служби започнале истрага за наводите дека Бред под дејство на алкохол физички го нападнал најстариот син на Медокс. Двојката се согласи на привремена забрана, која го ограничи контактот на Бред со децата на надгледувани посети, со услов тој да присуствува на психолошко советување и да се подложи на редовно тестирање за дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа