Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и Клековски ја кријат вистината за водата во Гостивар, нема извештај ниту по 6 недели
    • Ново предупредување во Романија: Жителите на Тулча добија аларм за можен пад на дронови
    • Внимавајте ако патувате во Србија: Поставени се 30 нови камери за брзина, појас и телефон
    • Дневен хороскоп: Месечината во Девица носи јасност, Вагите да се одморат, за Стрелците шанса во кариерата
    • Во Грција регистрирани 232 случаи со западнонилска треска: Починаа 19 лица, Атика е најпогодена
    • Герасимовски и општинските служби излегуваат на терен: Општина Центар започнува есенска акција во сите маала
    • Гужви на Богородица: Колони автомобили чекаат за излез кон Грција
    • УКИМ денеска ќе ги објави конечните ранг-листи од првиот уписен рок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

    Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

    01.11.2025 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три лица се обвинети за повеќекратни тешки кражби на кабли од кругот на скопската „Железара“, откако биле уапсени при бизарен обид да си го земат алатот по посета на Ургентен центар.

    Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело Обвинителен акт против тројцата, кои како соизвршители украле кабли во вредност од околу 440 илјади евра.

    Во периодот од март до мај, обвинетите влегувале во подземните тунели во објектот на „Полуконти –ИГМ“, проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка сечеле и одземале повеќе километри високоенергетски кабли, сопственост на ЕСМ Енергетика и МакСтил.

    Поради нивните кражби, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ. Пожарот предизвикал дополнителна штета од над 100 илјади евра за санација, како и загуба од околу 60 илјади евра поради неможноста за дистрибуција на струја.

    Клопчето почнало да се одмотува на 6 мај. Тројцата обвинети дошле со возило „Фолксваген голф“ да ги подготват каблите за транспорт. Притоа, еден од нив бил повреден од удар со кабел, по што сите тројца отишле на Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

    По интервенцијата, тие се вратиле во објектот за да ги земат алатите кои ги оставиле. Веднаш по излезот од кругот на „Железара“, биле затекнати и уапсени.

    Обвинителството побара продолжување на притворот за сите тројца обвинети.

    Прочитај повеќе

    Велес: Ја киднапирал бившата 17 годишна девојка – МВР го фати по кратка потера

    26.08.2026 во 20:41

    Ја заклучил жена му дома и ја тепал – ја спасувале полицајци

    26.08.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.